СП 2025: Данфи и Марфи ги освоија првите злата, одличја и за Чебет и Рајан Краузер

17
фото: worldathletics.org

Канаѓанецот Еван Данфи и Шпанката Марија Перез ги освоија првите златни медали на Светското првенство во атлетика во Токио, со победи во дисциплините брзо одење на 35 км за мажи и жени.

Данфи (34) делницата ја истрча за 2 часа, 28 минути и 22 секунди низ улиците на јапонската престолнина, претекнувајќи го Бразилецот Каио Бонфим. Јапонецот Хајато Кацуки го заокружи подиумот на воодушевување на домашната публика на Националниот стадион.

Перез ја одбрани својата титула кај жените. 29-годишната тркачка, која освои двојно злато во Будимпешта во 2023 година на 20 км и 35 км, оствари време од 2:39.01 за победа. Сребрениот медал го освои Антонела Палмизано од Италија, а бронзата ја освои Паула Милена Торес од Еквадор.

Во финалната програма на првиот ден на првенството, во неверојатна трка на 10.000 метри, Беатрис Чебет од Кенија успеа да го освои златниот медал, откако во последниот круг, актуелната светска рекордерка и олимписка шампионка, го забрза темпото, поминувајќи ја Бароклети од Италија која заврши каоо втора.

Рајан Краузер, светскиот и олимписки шампион, рутински победи во фрлање ѓуле со префрлени 22,34 метри, додека сензација на денот е Мексиканецот Узиел Муњоз, кој го освои среброто со фрлени 21,97 метри во последната сезона. Италијанецот Фабри стигна до бронзата.

Денот заврши со победа на меѓаната штафета на Соединетите Американски Држави на 4 x 400 метри мешано. Во финалето, среброто го освои Холандија предводена од Фемке Бол, а трета беше Белгија.

Претходно„Кралевите“ победуваат и со десетмина: Мбапе за победички Реал (ВИДЕО)
СледноБезеки победи на спринтот, утре тргнува прв и на ГН на Сан Марино