Во попладневниот термин од Премиер лигата денеска се одиграа пет мечеви на кои беа постигнати само шест голови.
Неверојатната неефикасност денеска ја предводат мечевите Кристал Палас – Сандерленд и Евертон – Астон Вила кои завршија без голови.
Следуваат оние со по еден Њукасл – Вулверхемптон кој заврши 1:0, а стрелец за домашните беше Волтемаде, како и мечот Фулам – Лидс. И тој за малку не влезе во категоријата „нула“ благодарение на голот постигнат во судиското продолжение. Поточно Гудмундсон си постигна автогол, а Фулам победи со 1:0.
Конечно, екипите на Борнмут и Брајтон одиграа 2:1, а стрелци за домаќинот беа Скот и Семењо. Единствениот гол за гостите го постигна Митома.