Алкалоид беше подобар од Тиквеш на гостински терен со 22-24 за прва победа во Супер-лигата по ремито со ГРК Охрид. Дамјан Митев постигна шест гола, додека Игор Ѓорѓев имаше пет, додека Галевски запиша 11 одбрани. Кај поразениот состав Цветковски, Манасков и Коцев имаа по четири гола.
Избраниците на Кирил Лазаров влегоа силно во мечот, отворија со 0-4, беше и 3-8, па 4-10. На одморот разликата беше пет гола (9-14).
По голот на Серафимов за 9-15, ракометарите на ГРК Тиквеш искористија исклучувања во редовите на противникот и дојдоа на 16-17 во 42-та минута. Алкалоид успеа да зголеми на 18-21, неизвесноста продолжи, но Лазаров и неговите момци не дозволи овој дуел да заврши поинаку.
Пелистер дојде до убедлива и очекувана победа против Пролет, откако на домашен терен славеше со 36-24.
Името на победникот на оваа средба беше решен после првото полувреме, битолчани водеа со 21-12, а имаа и двоцифрени 21-11. Во продолжение не се промени ништо, домаќинот продолжи да доминира за втора победа во Супер-лигата.
Хекбарт со девет гола беше најдобар стрелец, по шест гола имаа Манасков и Петар Атанасијевиќ. Во составот на Пролет, Палевски даде седум погодоци.