Лина Ѓорческа завери финале во Букурешт, падна првата носителка која е од Грција

65
Фото: www.mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на W75 турнирот во Букурешт. Таа во полуфиналето беше подобра од првата носителка, Деспина Папамихаил од Грција. Ѓорческа славеше со 2-0 по сетови (6-2, 6-2).

Најдобрата македонска тенисерка имаше лесна задача, а за тоа говорат и двата сета, кои ги доби на индентичен начин.

За Лина ова е петто финале во 2025 година, додека четврто во последните четири турнири.

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари.

ПретходноМакедонија закажа тест со Летонија пред важниот меч со Велс во Кардиф
СледноРакометен караван 2025: Миркуловски, Кастратовиќ и Ѓорѓиевска специјални гости!