Спанулис после катастрофалниот пораз: Не бевме подготвени

93
Фото: ФИБА

Грчката кошаркарска репрезентација претрпе катастрофален пораз во полуфиналето на Евробаскетот. Турците ги победија Грците со 94:68 во Рига, а во недела ќе играат за европско злато против Германија, додека Грција ќе се обиде да освои бронза во дуелот со Финска.

Веднаш по натпреварот, немаше изјави од грчките кошаркари или од печатот, а само селекторот Василис Спанулис се обрати до нацијата на прес-конференција.

„Не бевме енергично подготвени, направивме многу детски грешки. Направивме работи во одбраната што никогаш не требаше да ги направиме. Се случуваат вакви работи, многу сум горд на овие играчи. Имаме уште една шанса да го освоиме медалот што толку многу го сакаме. Го одигравме нашиот најлош натпревар, направивме многу грешки. Наа Турција и да дадовме шанса да трча и да постигнува поени“, беше фрустриран Спанулис.

Легендарниот кошаркар, а сега тренер, накратко ги наведе причините за поразот.

Спанулис се надева дека тимот ќе најде сила да ја победи Финска и да се врати дома со медал околу вратот.

„Ќе видиме што треба да направиме во тој натпревар. Верувам дека ќе бидеме подготвени да одиграме толку важен натпревар“, заклучи грчкиот селектор.

ПретходноБутел Скопје по печат за 2. коло во ЕХФ Европскиот Куп, дерби во Кавадарци!
СледноАдили: Фокусирани сме и подготвени