Ужасно голгетерско попладне во Англија

38

Во попладневниот термин од Премиер лигата денеска се одиграа пет мечеви на кои беа постигнати само шест голови.

Неверојатната неефикасност денеска ја предводат мечевите Кристал Палас – Сандерленд и Евертон – Астон Вила кои завршија без голови.

Следуваат оние со по еден Њукасл – Вулверхемптон кој заврши 1:0, а стрелец за домашните беше Волтемаде, како и мечот Фулам – Лидс. И тој за малку не влезе во категоријата „нула“ благодарение на голот постигнат во судиското продолжение. Поточно Гудмундсон си постигна автогол, а Фулам победи со 1:0.

Конечно, екипите на Борнмут и Брајтон одиграа 2:1, а стрелци за домаќинот беа Скот и Семењо. Единствениот гол за гостите го постигна Митома.

 

ПретходноВтора победа на Дортмунд сезонава
Следно„Кралевите“ победуваат и со десетмина: Мбапе за победички Реал (ВИДЕО)