Ерџан Османи, репрезентативецот на Турција, стана неочекуван херој во победата над Грција во полуфиналето на Евробаскетот. Османи го заврши натпреварот со 28 поени, вклучувајќи шест тројки и шест скокови.
Сепак, главна тема беше неговата одбрана на Јанис Адетокумбо. На грчката суперѕвезда не му даде простор да дише во овој меч, а за тоа доби и награда.
По натпреварот, Ергин Атаман го пофали, велејќи дека „ќе се јават од НБА да прашаат Ерџан Османи како се запира Адетокумбо“. Но, Османи го дочека и едно изненадување.
Првата ѕвезда на тимот, Алперен Шенгун, му ветил на Османи пред мечот, а потоа го сподели и со медиумите:
„Му ветив Ролекс ако одигра добро,“ – изјави Шенгун по натпреварот, пренесе „Eurohoops“, па додаде:
„Ќе му го купам најдобриот.“
Ерџан Османи ќе има прилика да покаже уште една маестрална партија против Германија во финалето, кое се игра вечерва од 20 часот, а ако повторно блесне – можеби ќе добие уште некој подарок.