Од Арсими порачаа: Имаме голема почит кон Пелистер, но целта е прва победа!

107
ФОТО: KF Arsimi/FB

Фудбалерите на Арсими, по репрезентативната пауза, се враќаат на терените со јасна цел, да ја остварат првата победа во шампионатот. Екипата од Гостивар ги загуби двете средби на домашен терен, па дуелот со Пелистер овој викенд претставува нова можност да се сврти страницата и да се започне позитивна серија.

Леонид Игњатов, играч од средниот ред на Арсими, најави дека неговиот тим е подгтовен да се надигрува.

„Не очекува тежок натпревар против Пелистер. Тоа е екипа со квалитет и силна поддршка од трибините, особено кога игра дома. Имаме голема почит кон нив, но во исто време сме подготвени да се надигруваме и да покажеме што знаеме.“

Игњатов нагласува дека тимот добро ја искористил репрезентативната пауза за да ги поправи слабостите и да се подготви за нов почеток во сезоната:

„Во текот на паузата работевме напорно и веруваме во нашите сили. Целта ни е да одиграме максимално посветено, да ја контролираме играта и да стигнеме до позитивен резултат. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи.“

Натпреварот меѓу Пелистер и Арсими ќе се одигра во рамките на петтото коло од првенството во Битола, со почеток од 19:00 часот, со директен пренос на каналите на Јавниот сервис.

ПретходноШок во Токио: Олимпискиот првак не ги мина квалификациите на СП!
СледноДуел на непоразени: Кој ќе стане крал на Европа – Турција или Германија?