ПМФЛ полувреме: Кампаоре и донесе водство на Струга ТЛ против Тиквеш

73

Во првиот од двата денешни дуели од ПМФЛ шампионатот, екипата на Струга Трим Лум на домашен терен на полувреме води со 1:0 против екипата на Тиквеш.

Стрелец на единствениот гол на овој меч засега е Басиру Кампаоре, кој што погоди од пенал во 40.минута од мечот.

Претходно, ВАР технологијата мораше да биде вклучена и да процени дали во дуелот на Даниел Мојсов со Марјан Радески има елементи за најстрога казна, што и се потврди.

Сигурен реализатор на пеналот беше Кампаоре кој што на стартот на овој шампионат веќе има постигнато шест гола.

 

ПретходноСелта се спаси од пораз на домашен терен
СледноЛиверпул „фото финиш“ победа кај Барнли