Атаман се прогласи за најдобар тренер: Некој ќе рече дека е его, но тоа е реалноста!

45
Фото: ФИБА

Пред почетокот на финалната пресметка на Европското првенство можеме да прочитаме најразлични изјави како најава за она што не очекува вечерва (20 часот) во Рига. Турција ќе се бори за првиот златен медал, додека пак Германија за вториот во својата историја.

Секогаш во центарот на вниманието е предводникот на турската репрезентација, Ергин Атаман. Овој пат се прогласи за најдобар тренер во Европа во последните десет години.

„Некој ќе рече дека е его, но тоа не е его туку реалност – јас сум најдобриот тренер во Европа во последните десет годиин. Кога бев тренер на Галатасарај, Ефес, сега и на Паантинаикос, секогаш стигнував до трофеи и добри резултати. Целта ми е секогаш да сум прв, и во клуб и во репрезентација, а единствената разлика е што сега можам да зборувам и на мајчин јазик додека во клубовите морам да комуницирам на англиски“, изјави Ергин Атаман.

ПретходноБитола повторно ќе заблеска: За нашите навивачи сѐ освен три бода против Арсими ќе биде неуспех!
СледноФК Вардар итно се сели во Охрид