Вардар без проблем против вториот тим на Пелистер

59

Екипата на Вардар ја оправда фаворитската улога против вториот тим на Пелистер, откако славеше со 19-34 во меч од второто коло.

„Црвено-црните“ првото полувреме го завршија со двоцифрени 7-18. Битолчани беа немоќни и покрај сите обиди да бидат барем рамноправен противник. Желбата не беше доволна бидејќи разликата во квалитет е голема.

Боно со шест гола беше прв стрелец кај победникот, каде по четири запишаа Георгиевски, Ќосевски, Атанасовски и Хориха. На другата страна Белистојановски имаше 6 гола.

ПретходноГрција е бронзена на ЕВРО баскетот
СледноЕгоров ќе се бори во репасаж за бронзен медал на СП во Загреб