Во второлигашкото дерби под рефлектори, вечерва во Струмица екипата на Беласица оствари минимална победа над Детонит Плачковица од 1:0. Мечот беше вистинско дерби на колото и донесе неизвесен фудбал до самиот крај.
Единствениот гол кој го реши мечот дојде во 36. минута. Домашните тргнаа во контранапад, а Спиркоски погоди за 1:0.
Беласица не знае за пораз во ВМФЛ и моментно се наоѓа на делба на првото место на табелата со по 10 бода колку што имаат и Кожуф, Шкендија Арачиново и Брегалница.