Годините не му можат ништо: Модриќ му донесе победа на Милан (ВИДЕО)

141
фото: Lega Serie A (X)

По стартниот пораз од Кремонезе, Милан ја оствари и втората победа во Серија А, откако вечерва во дерби дуелот со Болоња на домашен терен славеше со 1:0 во 3. коло од Серија А лигата.

Херој на „росонерите“ беше ветеранот Лука Модриќ, кој со голот во 61. минута ум донесе голема радост на навивачите на „Сан Сиро“. Новото засилување за Милан кој веќе е на залезот на фудбалската кариера, потсети на своите врвни фудбалски квалитети и покажа дека годините очигледно не му можат ништо.

Во завршницата Милан не доби пенал, а Алегри по сите реакции кон судиите доби црвен картон.

ПретходноАморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови
СледноБарса како експресен воз ја прегази Валенсија