Мохамед Салах со победничкиот гол денеска за Ливерпул на гостувањето кај Барнли стигна до бројката од 188 гола во Премиер лигата. Напаѓачот на Ливерпул постигна гол против Барнли од пенал во 95-тата минута.
Египќанецот сега се искачи на четвртото место на вечната листа во Премиер лигата по број на голови, претекнувајќи го Енди Кол. Вејн Руни е трет со 208 гола, а Хари Кејн е втор со 213.
Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата и натаму убедливо на врвот е Алан Ширер. Тој има 260 голови.