Крофорд влезе во историјата на боксот (ВИДЕО)

51

Теренс „Бед“ Крофорд (42-0, 31 нокаут) стана троен неприкосновен шампион во ерата на четирите појаси, откако пред повеќе од 70.000 луѓе во Лас Вегас го совлада Саул „Канело“ Алварез (63-3-2, 39 КО) со едногласна одлука на судиите.

Маестралниот борец и сега без сомнеж најдобриот боксер на денешницата стана неприкосновен шампион во суперсредна категорија, откако судиите пресудија 116:112 и двапати 115:113.

Крофорд заплака кога беа прочитани резултатите.

Ова е шампионска титула за Крофорд во петта тежинска категорија, а во третата е обединет, неприкосновен шампион. Елитиниот Канело го совлада во суперсредна категорија само две години по ремек-делото во велтер категорија, кога против Ерол Спенс ги обедини појасите.

ПретходноПоп Арсова заврши на 62. место во Токио
СледноФантастична партија: Димитријевиќ „сервираше“ дабл-дабл!