Викендов во Пеќ, Косово, се одржа Балканско сениорско првенство во џудо, во поединечна и Микс тимска конкуренција. Македонската репрезентација од ова натпреварување се враќа со два бронзени медала. Првиот ден во поединечна конкуренција Сергеј Димитријоски се закити со бронза во категоријата до 60кг. Тој во борбата за третото место беше подобар од натпреварувач од Турција.
Александра Најдоска го освои 5то место, во борба за бронзата загуби од репрезентативката на Црна Гора.
Како што не информираше селекторот Горан Мицкоски, останатите наши претставници прикажале добри борби, но не се пласираа во борби за медал.
-Сепак, сакам да истакнам дека конкуренцијата беше силна па оттаму, задоволен сум од прикажаното. Според настапите, можевме и подобро да поминеме што се донесува до медалите, но сепак најважно е дека нашите натпреварувачи имаа силни борби со квалитетни противници и тоа претствува одлична подготовка за претстојниот Сениорски европски куп што ќе се одржи наредниот викенд во Скопје – ни изјави Мицкоски.
Вториот ден на програмата на Балканското првенство беше екипниот натпревар. Нашата репрезентација се натпреваруваше и го освои третото место со следниот состав: Недановска -57кг., Стојановски -73кг., Шерифовски -90кг., Чакараровски +90. и Најдовска +70кг. Резерви беа:Милчиноски +90кг. и Димитријоски -73кг.