Манчестер обоен во сино: Халанд и Фоден го „решија“ Јунајтед (ВИДЕО)

30
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Манчестер Јунајтед на својот стадион со 3:0, во градското дерби што се одигра во рамките на четвртото коло од англиската Премиер лига.

Екипата на Пеп Гвардиола денес беше доминантна, покажа класа и најави излез од кризата. Ова беше втора сезонска победа за „сините“ од Манчестер, па со 6 бода излегоа пред градскиот ривал на табелата.

Ерлинг Халанд постигна два гола, а Фил Фоден постигна еден во денешниот триумф. Жереми Доку асистираше двапати, а Џиџо Донарума денеска го имаше своето фантастично деби на голот на „граѓаните“, не дозволувајќи му на Манчестер Ј. ниту еднаш да ја погоди неговата мрежа.

ПретходноГол бр. 188: Салах дојде до 4. место на вечната листа на најдобри стрелци во Премиер лигата
СледноПМФЛ полувреме: Пелистер погоди и пречка и статива, но не постигна гол