Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

55
фото: DİAS (X)

Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот со дури 7 интервенции.

За овој свој настап тој беше и најдоброоценетиот фудбалер во екипата на Трабзонспор.

Фенербахче имаше 29 шутеви кон голот против Трабзонспор, но Онана со одличните интервенции спречи и поубедлив пораз за својот тим.

ПретходноБарса како експресен воз ја прегази Валенсија