Сасуоло со прва победа сезонава, падна Лацио

14
фото: Lega Serie A (X)

Со малку и среќниот погодок на Фадера, екипата на Сасуоло го победи Лацио на домашен терен со 1:0 во третото коло од италијанската Серија А.

Сасуоло оствари голем триумф со гол во 70-тата минута.

По еден корнер од левата страна, одличен скок направи Мухаремовиќ, кој упати удар кон голот, го погоди својот соиграч Фадера во шеснаесетникот, а овој го смени правецот на топката и таа заврши во мрежата на Лацио за 1:0.

Ова се првите бодови во сезоната за Сасуоло, кој на тој начин се израмни со Лацио.

ПретходноПрилеп ја доби драмата со Куманово
СледноМакедонските џудисти освоија две бронзи на Балканското првенство