Севил е новиот крал на спринтот (ВИДЕО)

72

Јамајканецот Облик Севил е победник на финалната трка на 100 метри на Светското атлетско првенство кое што се одржува во Токио во моментов.

Тој иако ја имаше улогата на фаворит од сенка, сепак истрча одлична трка и со време од 9,77 прв стигна на целта.

Со сребрената медаља се закитува неговиот сонародник Кишан Томпсон, кој што задоцни пет стотинки зад шампионот.

Конечно, бронзениот медал го освои американецот Ноа Лајлс кој што објективно ја имаше фаворитската улога но стигна само трет.

 

ПретходноПриказната за Ергин Атаман која има почеток со нашиот Петар Наумоски
СледноСелта се спаси од пораз на домашен терен