Селта се спаси од пораз на домашен терен

23

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

Гостите регуларно си дојдоа во водство во првиот дел, поточно во 12. минута од мечот преку украинецот Ванат.

Се до последните секунди на мечот, гостите се надеваа на три бода, но не успеаа да ги освојат. Ветеранот Борха Иглесиас го спаси домаќинот од пораз погодувајќи кога беше најпотребно и поставувајќи ги конечните 1:1 и тоа од пенал.

 

ПретходноСевил е новиот крал на спринтот (ВИДЕО)
СледноПМФЛ полувреме: Кампаоре и донесе водство на Струга ТЛ против Тиквеш