Македонскиот ракометен голман Мартин Томовски уште еднаш одигра фантастичен меч во втората Бундеслига. Нашиот репрезентативен чувар на мрежата, денеска имаше 15 интервенции на мечот со ТУС Либек на гостински терен.
И покрај добрата игра на Томовски, неговиот Битинхајм на крајот не успеа да победи. Сепак, ако е за утеха, Томовски и неговите колеги од тимот се враќаат со реми (27-27).
Мартин Томовски е најдобриот голман во втората Бундеслига по три комплетирани кола. Тој има 46 одбрани со 41% реализирани интервенции.