Феномелна завршница на Европското првенство. Турција и Германија на дело покажаа зошто се финалисти на континенталното натпреварување и зошто без пораз стигнаа до битката за тронот.
Златниот медал оди на градите на кошаркарите на Германија кои дојдоа до втората шампионска титула на Европските првенства, славеа со 83-88. Новиот владател ги обедини двете круни од светско и европско. На другата страна Турција повторно остана без златото, последен пат во финале играше во 2001 година.
Херојот на Германија е Денис Шрудер постигна шест поени во низа во важните моменти, Шенгун беше трагичар, промаши зицер и тројка.
Одлично прво полувреме, како што доликува на едно финале. Турција отвори со 13-2 (две тројки постигна Џеди Осман), но влезе во серија на промашување. На другата страна Германија на крилата на неверојатниот Вагнер и Бонга брзо ја стопи негативата и поведе со 16-19, па со 19-24. На стартот на втората четвртина беше 22-28, момент за будење, избраниците на Атаман приредија целосен кам-бек за 30-28. Од средината на вториот период Турција успеа да ја стабилизира играта и да поведе со 46-38, на одморот беше 46-40.
Надигрувањето и промената на водството продолжи веднаш на стартот на третата четвртина, Вагнер и Бонга повторно настапија на сцена за 49-50. Се играше поен за поен, кај Германија повторно блесна Да Силва. На стартот на решавачките десет минути резултатот беше 67-66.
Шенгун и Осман (со шестата тројка) зголемија на 72-66 во 32. минута. Турција при 76-71 не искористи три напади за да го зголеми водството. Шенгун на четири минути до крајот ја заработи четвртата лична, Германија со две тројки казни за 76-77. Атаман повика тајм-аут истот вроди плод, но мечот влезе во неизвесна завршница, водството се менуваше. Шенгун промаши од под кош при 83-84, на друга страна Шрудер на 18 секунди реализираше за 83-86. Шенгун не успеа да постигне тројка, Шрудер зголеми на недостижни 83-88.
Богна имаше 20 поени, Вагнер 18, додека пак херојот на Германија Шрудер застана на 16 поени. На другата страна Шенгун запиша 28 поени, додека Осман 26.