Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ го покажа сиот свој репертоар во дресот на Зенит. На вториот пријателски меч неговиот тим го победи Уралмаш со 92-80, а Нено беше во центарот на вниманието.
Димитријевиќ зад своето име запиша дабл-дабл од 20 поени и 10 асистенции, а имаше уште седум скокови и една украдена топка.
Ова беше втора победа за Зенит на пријателските мечеви во Белград.