Ѓорческа загуби од тинејџерката која го освои Ролан Гарос

81

Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да дојде до пехарот на W 75 турнирот во Букурешт, кој се игрше за награден фонд о 60.000 долари.

Во финалето во кое Ѓорческа влезе како фаворит поради подобрата позиција на ВТА-листата, но Лили Тагер успеа да се издигне и да слави со со 2-1 по сетови . 17-годишната тенисерка од Австрија оваа година го освои јуниорскиот Ролан Гарос.

Нашата тенисерка ја прекина во серијата од 9 победи во низа.

Противничката го доби првиот сет со 4-6, искористи загубена сервис на Лина и поведе со 1-0. Сепак следеше ескпресен одговор од Ѓорческа од 6-4 за израмнување. Во третиот сет Лина отвори со 2-0 во гејмови, но следеше одговор од страна на тинејџерката која израмни на 2-2, а потоа се најде на гејм до победа, го искористи за 4-6.

ПретходноДуел на непоразени: Кој ќе стане крал на Европа – Турција или Германија?
СледноСкандал во Турција пред финалето, „падна“ и еден отказ!