Аталанта сигурна против Лече, Удинезе со гостински триумф

29

Во двојната попладневна програма во италијанската Серија А, најпрво тимот на Аталанта на свој терен извојува суверена и сигурна победа над Лече на свој терен со 4:1.

Скалвини го отвори резултатот во 37. минута од мечот,  за во 51.минута Де Кетеларе веќе зголеми на 2:0 за домаќинот.

Во 70. Залевски носи 3:0, а три минути подоцна со вториот гол на Де Кетеларе Аталанта поведе и со 4:0. Конечните 4:1 ги постави Ндри.

Од друга страна пак, Удинезе на гостувањето кај Пиза со голот на Икер Браво во првото поливреме успеа да слави со минимални 0:1.

 

ПретходноЛиверпул „фото финиш“ победа кај Барнли
СледноКомпаоре ја „вози“ Струга ТЛ сезонава на најбрзо