Гол бр. 188: Салах дојде до 4. место на вечната листа на најдобри стрелци во Премиер лигата

60
фото: LiverpoolFC (X)

Мохамед Салах со победничкиот гол денеска за Ливерпул на гостувањето кај Барнли стигна до бројката од 188 гола во Премиер лигата. Напаѓачот на Ливерпул постигна гол против Барнли од пенал во 95-тата минута.

Египќанецот сега се искачи на четвртото место на вечната листа во Премиер лигата по број на голови, претекнувајќи го Енди Кол. Вејн Руни е трет со 208 гола, а Хари Кејн е втор со 213.

Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата и натаму убедливо на врвот е Алан Ширер. Тој има 260 голови.

ПретходноЕгоров ќе се бори во репасаж за бронзен медал на СП во Загреб
СледноМанчестер обоен во сино: Халанд и Фоден го „решија“ Јунајтед (ВИДЕО)