Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Манчестер Јунајтед на својот стадион со 3:0, во градското дерби што се одигра во рамките на четвртото коло од англиската Премиер лига.
Екипата на Пеп Гвардиола денес беше доминантна, покажа класа и најави излез од кризата. Ова беше втора сезонска победа за „сините“ од Манчестер, па со 6 бода излегоа пред градскиот ривал на табелата.
Ерлинг Халанд постигна два гола, а Фил Фоден постигна еден во денешниот триумф. Жереми Доку асистираше двапати, а Џиџо Донарума денеска го имаше своето фантастично деби на голот на „граѓаните“, не дозволувајќи му на Манчестер Ј. ниту еднаш да ја погоди неговата мрежа.