Во првиот од двата денешни дуели од ПМФЛ шампионатот, екипата на Струга Трим Лум на домашен терен на полувреме води со 1:0 против екипата на Тиквеш.
Стрелец на единствениот гол на овој меч засега е Басиру Кампаоре, кој што погоди од пенал во 40.минута од мечот.
Претходно, ВАР технологијата мораше да биде вклучена и да процени дали во дуелот на Даниел Мојсов со Марјан Радески има елементи за најстрога казна, што и се потврди.
Сигурен реализатор на пеналот беше Кампаоре кој што на стартот на овој шампионат веќе има постигнато шест гола.