Прилеп ја доби драмата со Куманово

43
фото: РК Прилеп 2010 (Facebook)

Во драматичен натпревар до самиот крај, ракометарите на Прилеп дојдоа до минимална побед анад Куманово од 33:32 во натпреварот од втората рунда на домашната Суперлига. Прилепчани имаа предност речиси во текот на целиот меч, но во финишот Куманово дојде до шанса за успех.

Во последнит еминути, Прилеп одржуваше предност од еден гол, но гостите се враќаа за реми. Клучниот момент веројатно беше оној гол за 33:31 за домашните, по што Кумановго успеа само да намали, а не и да дојде до бод од ова тепшко гостување.

Уште едно одлично издание имаше Димитар Димитриоски кој мечот го заврши со 12 гола. Бразилецот Да Силва Фернандез беше најефикасен кај Куманово со 9 погодоци.

ПретходноПМФЛ полувреме: Пелистер погоди и пречка и статива, но не постигна гол
СледноСасуоло со прва победа сезонава, падна Лацио