Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

49
фото: Manchester City (X)

Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а тие исто така успеаја да победат за прв пат во четири натпревари против „црвените ѓаволи“.

„Променивме многу работи во овој преоден рок. Разговаравме многу во последните два или три дена за тоа кои треба да бидеме. Не тактички, туку во однос на духот и говорот на телото. Тоа е само еден натпревар“, рече Гвардиола.

Победата беше од големо значење и за „граѓаните“, со оглед на тоа што дојде непосредно пред почетокот на европската кампања на англискиот вицешампион оваа сезона. За само неколку дена, во четврток, 18 септември, Манчестер Сити ќе го пречека италијанскиот шампион Наполи на „Етихад“ во натпревар од првото коло во Лигата на шампионите.

„Сакам да бидам менаџер кој им дозволува на играчите да играат фудбал. Денес можеме да најдеме еден или два тима кои го прават тоа, а останатите играат еден на еден. Затоа, оставете го Ерлинг Халанд еден на еден. До последниот ден ќе се обидам да играм на начинот на кој игравме десет години. Но, ќе се адаптираме“, додаде Гвардиола.

Конечно, менаџерот на „небесно сините“ коментираше и за огромниот придонес на Ерлинг Халанд, кој постигна два од трите гола за успехот на тимот.

„Ерлинг е неверојатен. Оваа сезона е подобра од кога било. Би рекол подобра од сезоната во која ја освоивме тројната круна. Многу динамичен. Сакаме тој да постигнува голови и да ни помогне“, заклучи Гвардиола.

ПретходноЌе биде потребно време: Слот го откри својот план за Исак
СледноЕгоров ќе се бори за бронза на СП