Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев кариерата ја продолжува во Франција. Попладнево францускиот прволигаш Поатје и официјално го потврди трансфрот на нашиот репрезентативец.
Минатата сезона Ѓорги ја започна во Полска во екипата на Сувалки во Полска, а ја заврши во турскиот прволигаш Туршад. Поатје ќе биде трет клуб во Франција во кој нашиот техничар ќе настапува. Претходно тој играше и за Париз Волеј и за Камбраи.