Во рамките од сега веќе завршеното петто коло во домашниот шампионат, најголемото изненадување секако го направи тимот на Арсими. Екипата од Чегране, среде Битола го „уништи“ Пелистер со 0:4 во вечерен термин и на тој начин на оствари историската прва победа во ПМФЛ конкуренцијата.
Амбициозниот тим од Чегране сосема заслужено му се радува на историскиот триумф и фотографијата од соблекувалната по мечот. Од Чегране најавуваат дека ова е само почеток и дека вакви фотографии сезонава ќе има уште многу.