Дарио Ивановски заврши на 58. место во Токио

41
фото: Атлетска федерација на Македонија (Facebook)

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го имаше својот настап на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Токио.

Ивановски кој имаше успешен настап маратонот од 42 км го истрча за време од 2:26:31 и се пласираше на 58 место во конкуренција на 90 учесници. За време на маратонот многу атлетичари се откажаа, само 66 го завршија својот настап.

Победник на маратонската трка е Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој заврши за дел од секундата побрзо од Аманал Петрос од Германија, додека трет беше Италијанецот Илиас Ауани, кој заостануваше пет секунди.

ПретходноЛука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!
СледноЏеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси