Емоции на сите страни во Рига: Солзите на Јанис Адетокумбо!

36
Фото: ФИБА

Грција го освои бронзениот медал на Европското првенство кое заврши синоќа со победа на Германија во финалето.

Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо мечот со Фина за третото место беше доста емотивен, дури и заплака. Ова беше прв медал за него со Грција.

„Ова е нешто што досега не сум го остварил во кариерата. Затоа сум многу среќен. Очигледно, освојувањето на НБА титула е голема работа, Милвоки е прекрасен град, но не голем – со околу 500.000 жители. Затоа, освојувањето трофеј за 12 милиони Грци е нешто посебно. Многу сме горди. Децата што нè гледаат на телевизија може да веруваат дека и тие еден ден ќе освојат медал за нас. Морам да кажам и ова, без да звучам како да префрлам притисок: ако тренерот Спанулис не беше тука, немаше да бидам ни јас тука. Тој го извлекува најдоброто од тимот. Сакаме луѓе што знаат како се победува, кои нè туркаат напред и нè мотивираат“, рече грчкиот ѕвер, кој се најде во првата идеална петорка на шампионатот.

Се вљубил во кошарката играјќи за Грција, признава.

„Секој пат кога ќе дојдам летото со репрезентацијата го чувствувам тоа. Ја сакам културата, соблекувалната, тренерите. Кога зборуваме грчки, со искусните момци… Секој пат уште повеќе се заљубувам во играта кога доаѓам во текот на летото. Би сакал да играме и следното лето. Сакам да го носам овој дрес и да ја претставувам репрезентацијата. Тоа е нешто со што сум најгорд.“

ПретходноАтаман за првпат остана без зборови
СледноБарса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите