Македонскиот борач Владимир Егоров, сепак, не успеа да донесе медал за Македонија од Светското првенство во Загреб. Попладнево во одлучувачката битка за бронзата, Егоров загуби со 3:1 од Узбекистанецот Абдулаев.
Претходно, Егоров успеа да го мине репасажот по победата над Саундерс од Канада, но очигледно немаше сили да го направи и последниот исчекор до победничкиот подиум.
Претходно елиминација во осминафиналето доживеа и последниот наш борач на ова првенство, Нуров, чиј противник беше поразен во полуфиналето и не успеа да го повлече во репасаж за медал.