Рома без Дибала во дербито на Рим

23

Поради повреда здобиена на мечот против Верона вчера, во рамките од изминатото коло во Серија А, Пауло Дибала нема да биде во составот на Рома на следниот меч. А тоа е градското дерби против Лацио, кое е закажано за 28 септември.

Исто така, аргентинецот не е на располагање ниту за првиот дуел од Лигата на Европа против Ница на 24 септември.

Повредата на левиот бутен мускул е специфична. Неопходен е одмор, па мини рехабилитација, терапии, а сето тоа ќе трае миниму две недели, а можеби и повеќе.

 

ПретходноУЕФА потврди: Натпреварот помеѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац
СледноНевил: Веќе не сум ни лут на поразите на Јунајтед, Аморим нека се спрема за отказ