Трагедија во Чиле: Италијански скијач почина по тежок пад на тренинг

41
фото: FIS Alpine (X)

Италијанскиот скијач Матео Францосо почина по повредите кои ги заработи при пад на тренинг во Чиле. Матео имаше само 25 години.

Според Италијанската скијачка федерација, Францосо претрпел сериозна повреда на главата во саботата и оттогаш бил на лекување во болница во Сантијаго.

Федерацијата соопшти дека за смртта на скијачот била информирана од медицински службеници во Чиле и дека Францосо не ја преживеал повреда на черепот што довела до оток на мозокот.

ПретходноЕкс-пилотот на „црвените“ тврди: 90% од луѓето во Ферари беа против доаѓањето на Хамилтон
СледноБорусија (М) го отпушти тренерот по 10 натпревари без победа