Утре тимот на Јувентус во рамките од премиерното коло во овогодинешната Лига на Шампиони се среќава на домашен терен со тимот на Борусија Дортмунд.
Јуве, тим кој е осоколен по победата од 3:2 во италијанското дерби изминатиот викенд против Интер е мотивиран за уште една голема победа на стартот од сезоната.
„ Борусија е многу силен тим. Играме дома против тим од врвно ниво и едвај чекаме да започне натпреварот. Не размислувам колку далеку можеме да стигнеме. Треба да се фокусираме на првите чекори. Треба да бидеме фокусирани за утре и да видиме како можеме да им наштетиме. Но, исто така да видиме како можат да ни предизвикаат проблеми. Имаме добра хемија во тимот. Тренерот мора да носи одлуки, а тоа не е лесно. Сепак, имам среќа бидејќи тренирам група добри, сериозни и фокусирани момци. Имам два главни заклучоци од натпреварот со Интер. Се соочивме со најсилниот тим во Серија А според мене, а исто така победивме без да играме на нашиот максимум“ – изјави Игор Тудор, тренерот на Јуве на денешниот официјален прес пред утрешниот дуел со Дортмунд.