УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Србија ќе го одигра натпреварот против репрезентацијата на Албанија во Лесковац.
Овој натпревар е од пресудно значење за настапот на Србија на Светското Првенство и поради тоа првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград. Сепак, по немирите кои се случија на трибините на натпреварот против Англија, фудбалскиот сојуз на Србија побара натпреварот да се одигра во Лесковац. УЕФА ја одобри нивната одлука и потврди дека натпреварот ќе се игра на стадионот на фудбалскиот клуб Дубочица, во Лесковац.
По дебаклот против репрезентацијата на Англија, Србија мора со сите сили да оди на победа против Албанија, со цел да обезбеди бараж за пласман на СП.