Екипата на Реал Мадрид утре како впрочем и останатите во ЛШ ги стартува мечевите во најдоброто светско клупско натпреварување, Лигата на Шампионите.
Мадрид на домашен терен го пречекува тимот на Олимпик Марсеј, а на денешната официјална прес конференција пред утрешниот дуел, тренерот Чаби Алонсо искажа респект кон противникот но ги истакна и амбициите на неговиот тим.
„Влегуваме во натпреварувањето со максимална амбиција, што отсекогаш било случај за Реал Мадрид. Уште поважно е што почнуваме на Бернабеу. Ова само дополнително нè мотивира. Се соочуваме со сериозен противник, но се надеваме дека ќе започнеме добро“ – истакна Алонсо, а потоа запрашан околу Килиан Мбапе тој рече.
„На Светското клупско во САД немавме преголема можност да работиме заедно поради неговото одуство. Полека го фаќа ритамот. Тој е еден од лидерите на тимот, тука нема дилеми“ – рече Алонсо.