Ќе биде потребно време: Слот го откри својот план за Исак

44
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

Менџерот на Ливерпул, Арне Слот, признава дека рекордното засилување – Александер Исак – не може да блесне уште на првите натпревари на тимот, бидејќи календарот е премногу згуснат со стартот и во Лигата на шампионите. Шведскиот репрезентативец, кој беше купен од Њукасл за 125 милиони фунти, не беше во составот при тешката победа над Барнли со гол од пенал во судиското продолжение (1:0), откако го пропушти поголемиот дел од подготовките поради спор со својот поранешен клуб.

„Кога започнуваш сезона, а играчите имале пет недели одмор, им даваш одредена основа за да можат да издржат 45 минути“, изјави Слот, чии избраници во среда ќе ја отворат сезоната во Лигата на шампионите со домашен натпревар против Атлетико Мадрид.

„Го земавме од Њукасл и видовме дека неговата подготовка практично започнува дури сега. Му се потребни повеќе минути на тренинг пред да изгради основа. Не можеме да го оставиме да игра двапати за три дена“, додаде стратегот, цитиран од БТА.

Предводникот на Ливерпул вели дека новото засилување на може да го издржи темпото, ќе мора да дојде на ниво кое ќе дозволи да биде на целосно располагање.

„Се обидуваме да ги подготвиме играчите на почетокот на сезоната да играат по еден натпревар неделно, а потоа постепено правиме повеќе за да влезат во ритам од три натпревари неделно. Алекс е далеку од тој распоред, но можеме денес да го користиме пет минути, во среда десет, а потоа петнаесет. Не верувам дека тоа е вистинскиот начин да го искористиме.

Во Шведска постапија правилно – добро тренираше, но не играше многу. И ние ќе направиме исто, за во среда да може да издржи 45 минути. Но ако одигра едно полувреме во среда, не очекувајте да повтори во сабота, бидејќи неговото тело не е подготвено за тоа“, појасни менџерот.

ПретходноАлкараз мирува на врвот на светскиот тенис, Ѓоковиќ е во Топ 4
СледноГвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме