Заврши седмото издание на турнирот „Мирослав Стратиев Миро“

21

Населбата Ѓорче Петров живееше во духот на спортот и дружбата меѓу луѓето. Два дена полни со баскет, заедништво, натпревари и со многу емоции во име на „Мирослав Стратиев – Миро“, чиј живот згасна прерано.

На теренот видовме фантастични потези, борбеност и пред сè – апсолутен фер-плеј.

Екипите кои победија на турнирот „Мирослав Стратиев Миро 2025“ „Кино Влае“ во сениорска и „Сонцата“ во јуниорска до 18 години, се согласија 50% од наградите да ги донираат во кутијата за помош на Одделот за детска онкологија при Државна болница „Мајка Тереза“ во Скопје и Центарот во Кучково, за децата кои го победиле ракот.

ПретходноФото на колото: Арсими слави среде Битола со „покер“ во домашната мрежа
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Лесно и е на Струга ТЛ кога го има Компаоре