КК Пелистер пред историската сезона ги најави амбициите: Достојно издание во Европа, пехар во домашниот шампионат

36

Екипата на КК Пелистер продолжува да го надоградува она што го започна пред неколку години. Иако минатата сезона овој тим заврши на шестото место, ја искористи својата шанса да оди едно скалило погоре од останатите македонски клубови и да се проба на европска сцена. Битолчани ќе играат квалификациски турнир за плсман во Лигата на шампиони.

Пелистер во петок го игра четвртфиналниот меч против Реџо Емилија, доколку победи во полуфиналето ќе игра со подобриот од Орадеа – Антверпен. Овој турнир се игра во Самоков.

Денеска на официјална прес-конференција битолскиот тим говореше на повеќе теми.

„Имаме промени во играчкиот и тренерскиот кадар, сакам да му се заблагодарам на Борче Даскаловски, кој ќе има безрезевна поддршка во остварување на целите во сезоната која претстои. Ова трета година од превземање на клубот и среќни сме што тимот расте на организациски план. Иако ланската година не ги остваривме зацртаните цели, сепак ние како управа сме задоволни од начинот на кој ги поставивме работите. Повисоките структури на клубот одлучија и оваа година да оди чекор напред, ќе учествуваме во квалификациите за Лигата на шампиони, историско учество. Доколку не го поминеме турнирот, ние продолжуваме понатаму ќе играме во ФИВА Евро-Куп, имаме згарантирани европски мечеви кои ќе се гледаат во нашиот град.

Целите се високи и оваа сезона, пласман во следната рунда во ФИБА Евро-Купот, ако не ги минеме квалификациите за ЛШ, што се однесува до домашното првенство ќе надеваме дека ќе освоиме една од двете титули“, изјави директорот на клубот, Филип Ивановски.

Новиот тренер, Борче Даскаловски ги пренесе своите очекувања на клупата на Пелистер.

Благодарност до раководството на клубот и на Марјан Илиевски на дадената доверба. Ова е голема одговорност бидејќи клубот орагнизациски е доведен на едно завидно ниво, затоа од нас ќе има големи очекувања. Не чекаат квалификациите за Лигата на шампиони, на првиот меч играме против Реџо Емилија, кој е дел од италијанската А лига, реномиран противник, самото име и историја доволно говори, не би трошел повеќе зборови. Тоа за мене и моите играчи е мотив повеќе да го претставиме клубот и градот, но и Македонија, во што подобро светло надвор од границите.

Доколку не го минеме овој турнир, ни следат шест меча, имаме добар резултат.

Целта за домашниот шампионат е во Битола да се донесе еден трофеј првпат. Ростерот кој што е направен ова лето е со шест странци според пропозициите во квалификациите за ЛШ. Се надевам дека не само овој тим, туку и останатите ќе фатиме ист ритам на учество на европски натпреварувања за подобрување на квалитетот“, изјави Боро Даскаловски, кој потенцира дека ќе им треба време да се воиграат, но се надева дека сите ќе имаат трпение, најави максимално залагање.

ПретходноЧаби Алонсо: Реал Мадрид отсекогаш бил амбициозен во ЛШ
СледноМитревски: Пелистер треба поттик за останатите македонски екипи за европска сцена