ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)

72
ФОТО: KF Arsimi/FB

Кога ќе се победи еден Пелистер и тоа среде Битола со 0:4, кога тоа ќе биде прва и историска победа на својот клуб во ПМФЛ, кога ќе се одигра маестрално, тогаш јасно е дека стратегот на тој тим е и тренер на колото.

Нема дилеми дека Вилдан Салиу (Арсими) е тренер на 5. коло во тековната сезона. Затоа сите признанија, почести и честитки одат на негова адреса и секако на адреса на неговиите избраници кои вчера во Битола му го нанесона еден од најтешките порази на Пелистер на негов терен.

Секако дека во конкуренција беше и тренерот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби па и поради тие “пет од пет“, но сепак признанието – тренер на колото го добива Вилдан Салиу.

ПретходноМитревски: Пелистер треба поттик за останатите македонски екипи за европска сцена
СледноНишто ново, Дуплантис со нов светски рекорд