Тудор: Едвај чекаме да почне мечот против Борусија

100

Утре тимот на Јувентус во рамките од премиерното коло во овогодинешната Лига на Шампиони се среќава на домашен терен со тимот на Борусија Дортмунд.

Јуве, тим кој е осоколен по победата од 3:2 во италијанското дерби изминатиот викенд против Интер е мотивиран за уште една голема победа на стартот од сезоната.

„ Борусија е многу силен тим. Играме дома против тим од врвно ниво и едвај чекаме да започне натпреварот. Не размислувам колку далеку можеме да стигнеме. Треба да се фокусираме на првите чекори. Треба да бидеме фокусирани за утре и да видиме како можеме да им наштетиме. Но, исто така да видиме како можат да ни предизвикаат проблеми. Имаме добра хемија во тимот. Тренерот мора да носи одлуки, а тоа не е лесно. Сепак, имам среќа бидејќи тренирам група добри, сериозни и фокусирани момци. Имам два главни заклучоци од натпреварот со Интер. Се соочивме со најсилниот тим во Серија А според мене, а исто така победивме без да играме на нашиот максимум“ – изјави Игор Тудор, тренерот на Јуве на денешниот официјален прес пред утрешниот дуел со Дортмунд.

ПретходноРеал за утрешниот меч посилен за Белингам и Камавинга
СледноПораз во одлучувачката борба: Егоров не успеа да освои медал на СП