УЕФА потврди: Натпреварот помеѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац

147

УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Србија ќе го одигра натпреварот против репрезентацијата на Албанија во Лесковац.

Овој натпревар е од пресудно значење за настапот на Србија на Светското Првенство и поради тоа првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград. Сепак, по немирите кои се случија на трибините на натпреварот против Англија, фудбалскиот сојуз на Србија побара натпреварот да се одигра во Лесковац. УЕФА ја одобри нивната одлука и потврди дека натпреварот ќе се игра на стадионот на фудбалскиот клуб Дубочица, во Лесковац.

По дебаклот против репрезентацијата на Англија, Србија мора со сите сили да оди на победа против Албанија, со цел да обезбеди бараж за пласман на СП.

ПретходноОфицијално: Ѓорѓи Ѓоргиев следната сезона во дресот на Поатје
СледноРома без Дибала во дербито на Рим