Ракометарите на Е. Пелистер го одработија последниот тренинг пред првото гостување сезонава во Лигата на шампионите. Пред утрешниот пат за Париз и дуелот со ПСЖ, со изјава пред новинарите излезе тренерот Гарабаја.
„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“, вели предводникот на „зелено-белите“.
Натпреварот во Париз во четврток стартува од 20.45 часот.