Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

31
фото: LiverpoolFC (X)

Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека Исак ќе биде во составот за утрешниот натпревар. Во врска со времето за настап на Исак, Слот рекол само дека тој 100% нема да ги одигра сите 90 минути.

„Изгледаше многу добро на теренот и е исклучително решителен. Квалитетот што го поседува беше очигледен уште на првиот тренинг. Тој влезе во ова на многу позитивен начин и добро се вклопува во групата“, вели Вирџил Ван Дајк за неговиот нов соиграч.

Претходно„Лавовите“ добро одработија против Брера (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМилан и Интер за 200 милиони евра ќе го купат Сан Сиро и ќе градат нов стадион