Македонскиот интернационалец, Бобан Николов, предмалку е претставен како ново засилување на тимот на Фарул Консатнца. Клубот кој што е „директен потомок“ на Академијата Хаџи, онаму каде што Бобан Николов, и замина на фудбалско школување пред повеќе од една деценија.
По цели 12 години Николов, повторно е дел од клубор каде што „алфа и омега“ е ни помалку ни повеќе туку Георге Хаџи. Романската фудбалска икона, која што го препозна талентот на Николов уште одамна. Тој пак прерасна во еден од најдобрите современи македонски фудбалери, кои што со гордост не одведе на две европски првенства. Едно сениорско и едно до 21. година.
Николов повторно е во Романија. Во клубот кој што фусбалски го создаде што се вели. И него и десетици, стотици млади играчи, што од Романија што од странство.
Во клупските простории на Фарул стои фотографија која што најдобро го објаснува фукнционирањето на овој клуб. Фото на Георге Хаџи и околу него десетици репрезентатативци. На Романија, на други земји и на Македонија. На средина од неа, Бобан Николов. Како синоним за успешен проект на клубот кој што прерасна во играч со стотици настапи во лигите на Романија, Унгарија, Италија….